Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
Потпишан безбедносен аранжман со Словенечкиот НБА

Потпишан безбедносен аранжман со Словенечкиот НБА

Скопје, 15 април 2014 година

 

На 15 април 2014 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се потпиша Безбедносен аранжман за имплементација на размената на податоци за безбедносна соработка меѓу Словенечкиот НБА и Македонскиот НБА.
Безбедносниот аранжман го потпишаа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на Република Македонија и директорот на Канцеларијата за заштита на класифицирани информации на Владата на Република Словенија, г. Борис Мохар.

Безбедносниот аранжман овозможува размена на информации за безбедносна соработка преку примената на апликацијата „НБА Облак“, којашто претставува информатичка средина за размена на податоци меѓу националните безбедносни авторитети на Република Македонија и на Република Словенија.